Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Даунинг стрит на состанок со Кир Стармер.
Граѓаните кои се собраа го пречекаа со овации додека неговиот конвој свртуваше од Вајтхол.
Според „Sky News“, Кир Стармер намерно излегол неколку метри на улицата за да го пречека Зеленски.
Двајцата лидери потоа влегоа во зградата број 10 во Даунинг стрит на разговори, кои добија дополнителна тежина по вчерашниот катастрофален состанок на Зеленски со Доналд Трамп.
Британскиот премиер сакал сликата од нивната средба да обиколи светот, особено во Белата куќа. Иако Кир Стармер не е познат по физички изрази на блискост, тој ги рашири рацете и го прегрна Зеленски во како јасна порака за меѓународната јавност.
Според британските медиуми, Стармер го ја задржал прегратката подолго за да нема сомнеж на чија страна стои во овој конфликт, без разлика на ставовите на американскиот претседател и потпретседател.