Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, им пиша на ДПМНЕ дека во 2022 година токму нивната пратеничката група најави дека во Собранието ќе го достави барањето на ССМ за зголемување на платите. Реакцијата на Мојсоска доаѓа по соопштенијата на владејачката партија ВМРО- ДПМНЕ во кои го нападнаа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и по вчерашната изјава на премерот Христијан Мицкоски во однос на барањата на ССМ и обвинувањата дека ССМ е во коалиција со Левица, СДСМ и ДУИ.
„Власта започна војна со синдикатите и тоа од највисоката фигура во Владата – премиерот. Вчера Мицкоски изјави дека “ССМ станале портпароли на Левица и СДС и дека 7 години претходно не правеле ништо за зголемување на минималната плата. Или Мицкоски лаже или не е запознаен што правеле неговите пратеници во опозиција. Токму пратениците од ДПМНЕ (како опозиција) имале состаноци со ССМ и ги поднесувале нивните амандмани за зголемување на минималната плата. Истите оние кои сега ДРСКО ги одбиваат! И пазете, Мицкоски изјавува дека ВЛАДИНА комисија ќе ја утврдува легитимноста на раководството на ССМ. Како истото раководство беше легитимно кога пратениците од ДПМНЕ седеа на маса со нив“, напиша пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.
Премиерот Мицкоски најави дека нема да преговара за минимална плата со “нелегитимен” синдикат. Ама затоа е спремен да преговара со претседател на Стопанска комора која учествуваше во картелско договарање на цените на маркетите и суров грабеж на народот.