Со главниот руски пропаганден канал на социјалните мрежи „Донбас девушка“, познат по ширење на дезинформации за војната во Украина, раководи поранешната припадничка на американската морнарица Сара Билс, објави „Вол стрит џурнл“.
Каналот „Донбас девушка“ имаше клучна улога во ширење на доверливите разузнавачки документи, украдени од 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира. Весникот тврди дека „Донбас девушка“ ги изменил доверливите документи пред објавувањето.
Билс (37 во американската поморска воздушна база на островот Видбеј до крајот на минатата година. Таа пред два дена призна дека е администратор на „Донбас девушка“, дододавајќи оти уште 15 луѓе ширум светот се вклучени во водењето на мрежата „Донбас девушка“.
Таа одби да ги идентификува тие луѓе.
Осомничениот за протекување на доверливи документи од Пентагон, 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира на 14 април беше изведен пред судот под обвинение дека незаконски копирал и задржал доверливи документи.
Тешеира останува во притвор до судењето, а сослушувањето за притвор е закажано на 19 април. Тој е обвинет за незаконско копирање и чување одбранбени разузнавачки податоци, кривично дело за кое може да биде осуден и до 10 години затвор.
Тој е обвинет и за друго кривично дело, за свесно преземање на доверливи документи и поставување на неовластена локација.
Доверливите документи Тешеира ги објавуваше на социјалната мрежа Дискорд. Се претпоставува дека тоа е најсериозното нарушување на безбедноста откако повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски записи беа објавени на Викиликс во 2010 година.