За многу работи оваа Влада беше браник, па затоа апелирам да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. А политичките глодари токму преку протести сакаат да добијат некој поен. Јас апсолутно се придржувам на изразувањето револт и гнев, затоа што уште многу работи треба да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија за да ги исправиме работите.
Вака ги оцени Мицкоски најавите за протести на кои се бара целосна и сеопфатна одговорност за трагедијата во Кочани и како и мислењата на стручните лица кои истакнуваат дека се препознава селективност во истрагата.
„Се придружувам на изразувањето револт и гнев бидејќи уште многу работи останаа да се решат. Ќе се бориме до последен атом енергија да исправиме нешто во името на идните генерации. Направивме многу работи, поразивме многу мафијашки здруженија. Би посакал да останеме фокусирани во решавање на проблемите. Ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев да го изразат преку протести, но не можам да ги оправдам политичките глодари и лешинари коишто не сакаат силна влада од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија“, рече Мицкоски за време на посетата на Општина Радовиш.