Докторите Тања Алексова и Румен Гоцев од Итната помош – Софија, беа испратени во Скопје, да помогнат со превоз на повредени во болницата „Пирогов“ во Софија, пренесува 21ТВ.
Сликите постојано ми се во глава, па дури и во моите соништа. И натаму не можеме да се соземам од она што го видов. Ќе треба време, изјави Алексова.
Од самиот почеток си го знаевме редот, се беше добро организирано. Не упатуваа километри од клиниката. Секој си го знаеше редот, изјави Гоцев.
Тие двајца пристигнале за три часа во придружба на полициско возило.
-Во Скопје имаше страшна тишина. Како да имало апокалипса. Имаше организиран транспорнтен коридор низ улиците. Немаше луѓе, многу малку“, рече Алексова.
Нивната брза помош превезувала девојче од 16 години во многу тешка состојба.
-Имаше изгореници од висок степен на лицето и горните екстремитети. Беше збунета, на моменти зборуваше и прашуваше како се нејзините пријатели. Ова е ризичен транспорт, имаше процедури кои мораше да ги направиме. Не требаше да застанеме, се работеше во движење, затоа што целта беше побрзо да стигнеме до болницата во Софија“, изјави Алексова.
Вториот вокал на бендот ДНК бил во амбулантата на д-р Гоцев. Имал изгореници на горниот дел од телото, и рече дека кровот му се запалил пред очи. Ништо не ја претскажало апокалипсата што се случила подоцна. Кога почнал да трча, се сопнал и паднал покрај вратата и го видел целиот ужас од дискотеката.
Настраданите во кочанската трагедија, кои се згрижени во бугарската болница „Пирогов“, се во стабилна, но сѐ уште тешка состојба. Некои од нив започнуваат да се подобруваат. Вчера од болницата „Пирогов во Бугарија,“ е отпуштено 15-годишно девојче, потврдија од болницата за „БТВ“.
Девојчето – 15 години е примено во болница по осумте пациенти од Кочани кои првично биле хоспитализирани во „Пирогов“.
Детето имало тешка изгореница на подлактицата поради што морало да остане на лекување, изјави на 18 март за новинарите директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.
Третманот за лица со сериозни изгореници може да трае месеци и бара специјализиран тим и строга организација.
Ова го објасни професорката Маја Аргирова, која раководи со Клиниката за изгореници во Пирогов. Таа сама презема третман на девет пациенти повредени во дискотеката, а истовремено се грижи и за други пациенти со тешки изгореници од цела Бугарија.
„Пациентите со обимни изгореници бараат долготраен третман. Современите методи го скратуваат времето, но тоа трае од еден месец до месец и половина, а понекогаш и два или три месеци. Тоа е огромен предизвик за целиот тим на клиниката. Во такви моменти, сите се посветуваат и го прекинуваат одморот. Членовите на тимот кои не се на распоред веднаш реагираат“, изјави професорката Аргирова за БТВ.
Во Бугарија на лекување остануваат 14 од жртвите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе „БТВ“. Осум од нив се во болницата „Пирогов“ и по три во Поморската болница во Варна и болницата „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив.
Во пожарот во дискотека во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Загинатите во пожарот се на возраст од 14 до 25 години.