Богоев: Царината е столб на државата – драго што започнатите проекти продолжуваат да се реализираат

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, упати честитка по повод Денот на Царинската управа, истакнувајќи ја клучната улога што институцијата ја има во државниот систем и придонесот на нејзините вработени.

„Царината е темел на државната стабилност – а нејзините вработени се нејзиното најголемо богатство,“ порача Богоев.

Тој се осврна на постигнувањата за време на неговиот мандат, нагласувајќи го рекордното зголемување на платите за над 40% кумулативно, модернизацијата на просториите и униформите, како и имплементацијата на паметни камери на граничните премини.

Меѓу реализираните активности ги посочи и почетоците на новиот едношалтерски систем, реконструкцијата на бројни гранични премини и испостави, како и засилената обука и меѓународна соработка.

„Чест ми е што ја водев оваа институција и ми е особено драго што започнатите проекти продолжуваат да се реализираат и понатаму,“ изјави Богоев.

Тој на царинските службеници им посака уште повеќе успеси, како во собирањето приходи, така и во борбата против корупцијата, со цел Царинската управа да остане партнер на стопанството и заштитник на граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен