Јотова: Бугарија не поставува никакви дополнителни услови за процесот на членство на Северна Македонија во ЕУ

Јотова

„Во однос на Република Северна Македонија, Бугарија не поставува никакви дополнителни услови во процесот и преговорите на ЕУ“.

Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова за процесот на членство на Македонија во Европската Унија.

„Сакаме само да се почитуваат европските критериуми, како што секоја земја која тргнала по пат за членство во ЕУ ги почитува. Договорениот францускиот предлог не вклучува бугарски барања, туку европски критериуми за членство. Ние продолжуваме да веруваме дека правата на Бугарите во Северна Македонија не се заштитени. Ова е европски документ, колку и да се обидуваат да го претстават како билетарално прашање“, рече Јотова.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?