Колку Вреди коалицијата Влен без Таравари?

Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на таа нова политичка партија, без Алијанса на Албанците.

Ова го најави првиот вицепремиерот и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, но она што е отворено прашање е колку Вреди коалицијата Влен без Таравари и како таа вредност ќе се одрази во владината коалиција. Особено кога Меџити најави дека од Влен ќе размислат за министерската позиција на Таравари во Владата.

Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори. 

Од коалицијата „Влен“, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на таа нова политичка партија,

Претседателот на Собранието Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата. 

– Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.

По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од коалицијата „Влен“ најавија дека од следнава недела почнува процедурата за создавање на партиите од коалицијата во една политичка партија.

На 16 април, претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити по состанокот на лидерите и високи функционери на оваа коалиција истакна дека „Влен“ смета дека одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере.

Зачлени се на нашиот е-билтен