Студентите на Белградскиот универзитет, кои веќе седум дена го блокираат влезот во зграда на Радио-телевизија Србија (РТС), продолжуваат со блокадата. Таа е започната минатиот понеделник и трае сè додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), или додека не се „угаси“ РТС.
Денес, блокадата продолжува, а околу РТС, во близина на улиците како Таковска, Иља Гарашанин, и дел од улицата на Коошутњак, сообраќајот е уште блокиран.
Како што јавуваат српските медиуми утрово е мирно, но е присутен помал број студенти и граѓани. Во текот на Велигден, тие поминаа време пред РТС, играа одбојка, пееја и се кршеа со јајца. Студентите во блокада го поминаа денот со мирно однесување, а одржана беше и 16-минутна тишина во знак на почит за 16 жртви на несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Како резултат на блокадата, програмата на РТС беше променета. Наместо вообичаеното емитување на утринскиот програм во 6 часот, се пуштил филм, а вестите биле емитувани без вклучување од студиото.
РТС поднесе кривична пријава против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокада и кои ги блокираат објектите на РТС од 14 април. Студентите пак продолжуваат да ги повикуваат другите граѓани да им се приклучат на блокадата.