Истражувањето спроведено од Унгарската национална управа за медиуми и комуникации покажало дека 76,5% од децата на возраст од 13 до 16 години имаат искуство со некоја програма базирана на Вештачка интелигенција.
Истражувањето вклучило 1.197 млади Унгарци, а од нив 71,3% рекле дека користеле вештачка интелигенција за помош при решавањето на училишни задачи.
Повеќето испитаници изјавиле дека вештачката интелигенција е корисна за луѓето, а 50,6% од нив признале дека се сретнале со содржина која не ја препознале како создадена од вештачка интелигенција.
Националната управа за медиуми и комуникации исто така објави дека во други слични меѓународни истражувања, испитаниците имаат тенденција да ги идентификуваат безбедносните ризици како најголем проблем кога станува збор за вештачката интелигенција.
Од друга страна, 29,6% од унгарските испитаници наведуваат дека најголема загриженост им е губитокот на работни места поради АИ, додека за 23,6% тоа претставува губитокот на меѓучовечки односи.