Денеска 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје.

При контролата санкционирани се вкупно 96 учесници во сообраќајот, од кои изречена е 41 мерка за возење со брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возачи на мотоцикл кои управувале без заштитна кацига, четири мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење мотоцикл без поседување на дозвола со соодветна категорија, две мерки за малолетни лица за управување мотоцикл кои при тоа немале положено возачки испит за познавање на сообраќајните знаци и правила на сообраќајот, а едно лице било приведено во полициска станица за утврдување на идентитет за сторен сообраќаен прекршок по член 211 поради непочитување на знаци и наредби од полициски службеници и 31 мерка по други сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.  Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за подобри,  посигурни и побезбедни патишта.

Зачлени се на нашиот е-билтен