Марта Кос: Северна Македонија е тажна приказна, предолго чека на почеток на преговори за ЕУ

Косово, Северна Македонија и БИХ се тажни приказни на Балканот за членството во ЕУ, рече од Прага комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос за „Радио Слободна Европа“.

Кос кажа дека Црна Гора и Албанија во моментов се најблиску до членство на ЕУ, додека на Балканот постојат три тажни приказни, меѓу кои и Македониа. 

„Косово е тажна приказна затоа што не може да тргне понатаму. Втора тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, кога со Украина би чекале онолку колку што со Северна Македонија чека на почеток на преговорите, Украина тогаш би почнала со преговори 2045 година. И тука е Босна и Херцеговина“, изјави Кос.

Зачлени се на нашиот е-билтен