Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп погрешно го процени своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Претпоставувам дека погрешно ја процени својата преговарачка позиција“, изјави Писториус за германското радио ДФЛ, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина, објави Ројтерс.
Во меѓувреме, Европската Унија работи на следниот пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Писториус изјави дека останува да се види дали САД ќе се приклучат на овие мерки, бидејќи разговорите со Вашингтон продолжуваат по вообичаените дипломатски канали, пренесува Танјуг.