Европратениците ќе расправаат за Стратегијата на единствениот пазар

Случувањата во Газа, еколошкиот механизам ЦБАМ, планот за постепено исфрлање од употреба на руските енергенси и Стратегијата за единствениот пазар на ЕУ ќе бидат главните теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Брисел. 

Сесијата почнува попладнево со дебата на европратениците со претставници на Советот на ЕУ и на Европската комисијата за одговорот на Унијата на планот на израелската Влада за заземање на Појасот Газа, за обезбедувањето ефикасна хуманитарна поддршка за цивилното населени и за ослободување на заложниците. 

Во продолжение европратениците ќе расправаат за новата Стратегија на Европската комисија за единствениот пазар на ЕУ, по што ќе следи дебата за измените на Регулативата за поедноставување и зајакнување на Механизмот за прилагодување на јаглеродните ограничувања (ЦБАМ), со кои се превидува намалување административниот товар за малите бизниси и повремените увозници, без отстапување од еколошките цели на блокот. За измените европратениците ќе се изјаснат утре. 

По ова е предвидена расправа за предлогот на ЕК за постепено исфрлање од употреба на рускиот гас, нуклеарна енергија и нафта, со осврт и на гасоводот „Северен поток“ и енергетскиот суверенитет на ЕУ, а за крај на денешното заседание е оставена дебатата за подобрување на менталното здравје на работа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен