„Го сторив тоа за Газа“, изјави убиецот на мажот и жената вработени во Израелската амбасада кои биле пар

FBI Police Squad Car - Downtown Washington D.C., Creative Commons Attribution 2.0 Generic
FBI Police Squad Car – Downtown Washington D.C., Creative Commons Attribution 2.0 Generic

Откако бил уапсен на местото на нападот, осомничениот го признал убиството, велејќи дека го сторил „за Газа“, објави ABC News.

Нападот се случил кога двајца работници си заминувале од настан во музејот. Според официјалните лица, напаѓачот пукал во нив од блиску, а жртвите, маж и жена, починале на самото место.

Една од нив беше во критична состојба пред да умре во болница.

Напаѓачот се обидел да влезе во зградата на музејот откако го извршил нападот, преправајќи се дека е очевидец, но бил спречен од обезбедувањето.

Според началникот на полицијата во Вашингтон, Памела Смит, осомничениот го признал злосторството по апсењето, а за време на сослушувањето рекол дека пукал „за Палестина“.

Тој објасни и каде го оставил оружјето, кое подоцна било пронајдено и конфискувано.

ФБИ и локалната полиција спроведуваат истрага и го испрашуваат осомничениот, а според првичните информации, се верува дека станува збор за „целен напад“.

Заменик-директорот на ФБИ, Ден Бонгино, изјави дека нападот се случил во близина на нивната канцеларија во Вашингтон и дека членови на ФБИ веднаш пружиле помош по нападот.

Според изјавите на сведоците, откако го извршил злосторството, напаѓачот се обидел да се преправа дека е сведок и побарал помош од обезбедувањето на музејот, пред да одлучи да се предаде на полицијата.

Сведоците рекоа дека тој чекал полицијата да пристигне околу десет минути пред да ја преземе одговорноста за нападот, велејќи дека тоа го сторил во знак на протест против израелската политика.

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, го осуди нападот и нагласи дека „нема да толерираме насилство и омраза во градот“.

„Ова е срамен чин на тероризам и антисемитизам и ние ќе бидеме обединети во нашиот одговор“, рече Баузер, додавајќи дека градот ќе направи сè што е потребно за да ги заштити сите заедници, вклучувајќи ги израелските дипломати и еврејската заедница во Соединетите Држави.

Амбасадорот на Израел во САД, Јехиел Лаитер, изрази тага поради загубата на неговите колеги и истакна дека нападот дополнително ја потврдува потребата од посилни мерки за заштита на дипломатскиот персонал.

Станува збор за двајца млади луѓе кои биле пар.

„Овој трагичен инцидент е потсетник за тоа колку е важно да се продолжи борбата против антисемитизмот и сите форми на тероризам“, рече Лајтер, додавајќи дека израелската влада е во постојан контакт со американските власти за да ја обезбеди безбедноста на израелските дипломатски мисии.

Зачлени се на нашиот е-билтен