Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка и ја префрли топката во Законодавниот дом.
За избор на гувернер потребни се 61 позитивен пратенички глас.
Гувернерот кој има седум годишен мандат има право на реизбор. Но, од претседателката Анита Ангеловска-Бежоска не доби шанса за повторен избор.Ниту екс министерот за финансии Зоран Ставревски не го мина филтерот кај претседателката иако таа ги исфали сите тројца претенденти.