Премиерот Христијан Мицкоски рече дека граѓаните треба да се спокојни, бегалски кампови во Македонија нема да има. Тој одново го повтори ставот дека стратешкиот договор со Обединетото кралство, вакви кампови не предвидува, а темата е затворена.
„Апсолутно нема таква работа, а тоа се наметна откако во Албанија беше потпишан помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена. И аналогно на тоа таа тема се пренесе тука. Но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердови и да го оцрнат стратешкиот договор“, рече Мицкоски.