Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT), на која, меѓу другото, станало збор и за можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти.
Во една од точките се вели и дека се разговарало за развој на Ски-центарот Попова Шапка, како клучен проект за развој на планинскиот туризам и регионалниот развој. За Дурмиши, Саудиска Арабија е „стратешки партнер“, Во соопштението од средбата, топонимот Попова Шапка беше преименуван во Кodra e Diellit. Подоцна беше направена корекција.
Дурмиши, како што се вели во соопштението на Министерството за економија, учествува на Економскиот бизнис форум во Сараево.
Средбата со Алсакран била во конструктивна атмосфера и претставувала значаен чекор кон зајакнување на економските односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија.
Двете страни ја потврдија заедничката заложба за зголемување на трговската размена, која во моментот изнесува 44 милиони американски долари, со цел надминување на овој износ преку нови иницијативи и стратешки инвестиции, се вели во соопштението, при што се додава дека во текот на разговорот станало збор и за организирање на заеднички бизнис-форуми и меѓусебни посети на економски делегации: можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите инфраструктурни проекти; развој на ски-центарот Попова Шапка; поддршка за халал сертификација на домашните производи, како конкретен чекор за зголемување на извозот и диверзификација на целните пазари.
Инаку, пред околу еден месец, владина делегација на ќело со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што, меѓу другото се зборуваше и за скијачкиот центар Попова Шапка.