Тој го опиша Илон Маск како успешен бизнисмен фокусиран на водење компанија
Ерол Маск, таткото на Илон Маск изјавил дека неговиот син не се интересира за политика
„Трамп и Илон се бикови кои ја водат последната рунда преговори за тоа кој ќе биде шеф, но наскоро ќе се смири“, изјави Ерол, татко на милијардерот Илон Маск, кој е во жесток конфликт со Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави.
Говорејќи за Њуздеј на Светскиот сервис на Би-Би-Си пред најновите коментари на Трамп, Ерол Маск го опиша Илон Маск како бизнисмен без интерес за политика.
Меѓутоа, кога би имал, „тој би ја водел како фабрика“, вели Ерол, бидејќи неговите моментални сили се во правењето бизниси успешни, што е „сосема различно од водење држава“.
- Илон се држи до своите принципи и никогаш не лаже. За жал, животот не е секогаш таков, но мора да разбере дека се неопходни компромиси за да се постигне каков било напредок – додаде тој.
Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп денеска се огласи по тешките обвинувања на Маск. Трамп во интервју за „Политико“ остави впечаток на рамнодушност по расправијата со милијардерот на социјалните мрежи.
– Па, се е во ред – изјави Трамп во краткото телефонско интервју за „Политико“, одговарајќи на прашање за многу јавна разделба со поранешен голем поддржувач.
– Се оди одлично, никогаш не било подобро – додаде американскиот претседател, по што се пофали со резултатите во анкетите.
- Бројките се неверојатни, имам најдобар рејтинг досега. И морам да одам.
„Време е да се фрли бомбата“
Да потсетиме, Маск вчера упати сериозни обвинувања кон американскиот претседател.
- Време е да се фрли вистинска голема бомба: Доналд Трамп е во документите на Епштајн, тоа е вистинската причина зошто тие се уште не се ослободени. Имајте убав ден, DJT!“ – објави милијардерот.