Потишете ја петицијата за спас на најзагрозената пеперутка во Европа: Македонската сивка

Институтот за комуникациски студии (ИКС) покрена петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.

Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на висок ризик од исчезнување, особено поттикнато од побарувачката од колекционери на инсекти.

ИКС и германската организација Pro Wildlife упатија писмо до македонските институции, со барање Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.

Вклучувањето на овој вид во Анекс 1 на Конвенцијата CITES ќе овозможи:

  • Забрана за меѓународна трговија
  • Поддршка за национални и гранични контроли
  • Подигнување на свеста за заштита на видот на глобално ниво

Потишете ја петицијата за спас на најзагрозената пеперутка во Европа, македонската сивка на следниот линк: CHANGE.ORG

Предлогот произлегува од истражувачка сторија на ИКС, која прва ги обелодени случаите на криволов и трговија со овој уникатен вид. Погледнете го истражувањето: Природа на продажба

Зачлени се на нашиот е-билтен