Од утре, понеделник, 9 јуни до сабота 14 јуни, во Кинотеката на Република Северна Македонија во Скопје ќе се одржи XXV издание на „Недела на италијанскиот филм“.
Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија.
На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија, објавени во текот на 2024 и 2025 година. Темата на овогодинешната програма е патувањето: во буквална смисла со значење на пат кон родната земја или далеку од неа – но исто така и визуелното, внатрешно, егзистенцијално, временско или емоционално патување.
Сите проекции ќе се одржат во Кинотека со почеток од 20:00 часот.
Во понеделник, 9 јуни ќе биде прикажан филмот „Партенопе“ на Паоло Сорентино.
Во вторник, 10 јуни ќе биде прикажана историската драма „Заслепеност“ на Роберто Андо.
Во среда, 11 јуни ќе биде прикажана романтичната комедија „Избезумени“ на Паоло Џеновезе.
Во четврток, 12 јуни ќе биде прикажан филмот „Неапол – Њујорк“ на Габриеле Салваторес.
Во петок, 13 јуни ќе биде прикажан филмот „Како големи“ на Грета Скарано.
„Неделата на италијанскиот филм“ ќе заврши во сабота, 14 јуни, со прoекција на филмот „Дијаманти“ на Ферзан Озпетек.
Фестивалот е под покровителство на проектот „ITALIAN SCREENS“, промовиран од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) и Генералниот директорат за кинематографија и аудиовизуелни уметности при Министерството за култура на Италија, со организациска поддршка од Cinecittà.