Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Ролан Гарос 2025.
Во финалето на Грен слемот во Париз, вториот рекет во светот го победи лидерот на ранг-листата Јаник Синер од Италија во пет сета – 4:6, 6:7 (4:7), 6:4, 7:6 (7:3) и 7:6 (10:2). Мечот траеше 5 часа и 31 минута.
За време на натпреварот, Алкараз сервираше 7 аса, направи 7 двојни грешки и реализираше 7 брејк топки од 14. Синер имаше 8 аса, немаше двојни грешки и реализираше 7 брејк топки од 15.
Дваесет и двегодишниот Шпанец го освои петтиот Гренд Слем турнир и вториот Ролан Гарос во својата кариера. Алкараз го победи Германецот Александар Зверев во финалето на Отвореното првенство на Франција во 2024 година. Тој исто така го освои и Отвореното првенство на САД во 2022 година и Вимблдон во 2023 и 2024 година.
Вкупно, Алкараз сега има 20 титули на АТП во поединечна конкуренција.