Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, се истакнува во соопштението на СДСМ.
Во реакцијата на оваа партија се наведува дека со својата забеганост Мицкоски денес од Велес, врескаше и ги обвинуваше родителите дека од граѓанско движење полека се претварале во „политичка партија“.
Го пренесуваме соопштението во целост:
Овој наратив на Мицкоски сериозно загрижува, особено поради фактот што на овој начин се повикува на јавен линч на родителите на загинатите и повредените и нивните семејства.
Забеганоста на ваквиот наратив е и во фактот што Мицкоски ја покажа својата лутина и гнев кон родителите, недостасуваше уште да ги обвини за трагедијата и за неговиот рејтинг.
Мицкоски се дрзна да ги споменува и жртвите во случајот со Мартин Нешковски, малата Тамара но и Смилковско Езеро. Ова е некрофилија и јавен линч врз жртвите од трагедии, за кои Мицкоски вели дека се некрофили и негови политички непријатели.
Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ
Апелираме до премиерот Мицкоски да не вреска на цел глас, никого нема да исплаши. Она што загрижува кај Мицкоски е само забеганоста во неговиот наратив.
Додека Мицкоски организира журки за младинската организација на неговата партија и зборува за „новата генерација“ која ќе ја продолжела визијата за Македонија, цела Македонија тагува за трагедијата во Кочани во која цела генерација, цел град ја изгуби својата иднина.
Кога Мицкоски зборува за транзицијата, зборува за знамето и химната сакаме да го потсетиме дека тие луѓе денес се во неговата коалиција во ликот на ЗНАМ. Тоа се луѓето кои ги направија сите работи кои денес Мицкоски сака да ги препише на друг.
Да го потсетиме и Мицкоски дека не мора да вреска. Кога зборува за љубовта кон парите, да го потсетиме дека носи часовници од над 80.000 евра, облека до неколку стотици илјади евра, додека го задолжи секој Македонски граѓанин за 7 милијарди евра.
Кога Мицкоски зборува за Артан Груби и фудбалчето да го потсетиме дека Груби го пуштија МВР на Панче Тошковски. Да го потсетиме Мицкоски дека неговиот Изет Меџити и Висар Ганиу се обвинети со докази за 150 дивоградби и неколку стотици милиони евра криминал за кој не смеат да писнат.
Фудбалче во канцеларија, ќе се согласите е помал грев.
Македонија е изолирана држава. Сите луѓе со кои Мицкоски се сретна во странство се споредни личности кои немаат никаква меѓународна тежина. Орбан и Вучиќ се во слободен пад. Од САД немаме ниту една од ветените инвестиции, но имаме 33% зголемена царина.
СДСМ е државотворна партија во која место нема за луѓе какви што Мицкоски ги собира во неговата коалиција како привезокот ЗНАМ.