Рјабков: Помалку НАТО трупи во Источна Европа, побезбеден целиот континент

 Намалувањето на контингентот на НАТО во Источна Европа би било од корист за безбедноста на целиот континент, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

– Би сакал да ве потсетам дека предлозите што ги упативме до Вашингтон и Брисел во декември 2021 година, вклучуваа императив на правни, правно обврзувачки и долгорочни гаранции за неширење на Северноатлантската алијанса на Исток, како и барања за нераспоредување на ударно оружје во близина на руските граници, рече Рјабков во интервју за Тас.

Тој додаде дека рускиот став по ова прашање останува непроменет.

– Во секој случај, намалувањето на контингентот на НАТО во Источна Европа веројатно би било од корист за безбедноста на целиот континент, нагласи рускиот дипломат.

Одговарајќи на прашањето за можно повлекување до 10.000 војници од Источна Европа од страна на Пентагон, Рјабков истакна дека „времето ќе покаже околу што на крајот ќе се договорат САД и ЕУ“.

Зачлени се на нашиот е-билтен