Трамп со „еб**о“ ги коментираше денешните напади меѓу Израел и Иран

Доналд Трамп се разбуди во Вашингтон и виде дека примирјето што претходната ноќ го испазари веќе е нарушено. Пред новинарите опцу: „Имаме две држави што толку долго и жестоко се борат што веќе не знаат што ебено прават.“

Најсилната критика ја упати кон Израел. Иако официјален Тел Авив тврдеше дека прв прекршил Иран, лансирајќи две балистички ракети, Трамп беше бесен заради масовното бомбардирање што Израел го спроведе веднаш по постигнувањето на договорот. На својата платформа Truth Social напиша: „ISRAEL. DO NOT DROP THOSE BOMBS. BRING YOUR PILOTS HOME, NOW!“

По телефонски разговор со Бенјамин Нетанјаху, Трамп објави дека израелските авиони се враќаат. Израел сепак изведе ограничен удар врз ирански радар северно од Техеран, што официјален Техеран го нарече провокација и негираше дека самиот ја прекршил паузата.

Во Вашингтон, конгресменот Бади Картер веднаш упати писмо за Нобелова награда за мир за Трамп, додека демократскиот лидер Чак Шумер го обвини претседателот дека избегнува одговорност поради одложени брифинзи за нападите.

Иран најави дека ќе одговори на секоја нова агресија, а израелскиот министер за одбрана предупреди дека нема да толерира ирански ракетен оган. Засега примирјето сè уште формално важи, но тензиите остануваат високи — и целата ситуација зависи од тоа дали двете страни ќе запрат пред да ја преминат следната ебена црвена линија.

Зачлени се на нашиот е-билтен