Црвениот крст на РСМ ќе одбележи 80 години постоење

Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе одбележи 80 години од основањето.

Во фокусот ќе биде улогата на Црвениот крст во унапредувањето на хуманоста и солидарноста, тековните активности на организацијата, а посебен акцент, како што најави Црвен крст на РСМ,  ќе биде ставен на неодамнешниот хуманитарен одговор по пожарот во Кочани. 

-Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар  Саит Саити ќе му врачи на премиерот Мицкоски признание — Медал на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата, информира Црвен крст на РСМ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен