Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Според информации што ги пренесуваат медиумите, вчера во текот на ноќта, во Прилеп се случило двојно убиство и самоубиство.

Според овие неофицијални информации, трагедијата се случила за време на семејна веселба, а се започнало некаде во попладневните часови.

Медиумите пренесуваат дека дознава дека вујко, убил внук и таткото на внукот, по што извршил самоубиство.

На фаталниот чин, како што пишуваат медиумите, претходела заложничка драма за време на која полицијата се обидувала да ја разреши ситуацијата. Се вели дека сторителот пукал кон нив и се заканувал со бомба.

Засега за овие информации нема официјална потврда од МВР или од обвинителството.

Зачлени се на нашиот е-билтен