[Видео] Еди Рама во борба со дивоградбите и узурпацијата на јавните површини

Премиерот на Албанија Еди Рама, објави видео и текст на социјалните мрежи со кои ја објаснува својата стратегија и намера да ги ослободи од узурпацијата и дивоградбите јавните површини во Тирана и во другите градови во земјата.

„Според работниот план, само во Тирана, површината на ослободените јавни површини ќе достигне околу 20 илјади квадратни метри до утре, додека работата нема да запре ниту во главниот град, ниту во другите градови каде што овој феномен се случил залудно, ниту на крајбрежјето или во заштитените подрачја, не, не, не…“, порачува Еди Рама.

Тој информира дека во меѓувреме, се работи на проектите Урбана ренесанса 2.0, за кои се ангажирани многу странски и локални архитекти.

„Што се однесува до поставувањето маси надвор, новиот план наскоро ќе им биде даден на сите, со основна формула од 75% простор за пешаци, 25% за услужни единици. И нема да биде дозволен никаков вид структура изградена на тротоари, освен во случаи на доволно простор и само таму каде што има вистински урбанистички проект“, појаснува категорично премиерот на Албанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен