Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во општина Прилеп со крак кон селото Градешница во општина Новаци и крак кон границата со Грција. Третиот активен пожар е меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.
Директорот на Дирекцијата зја заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска на прес-конференција најави дека во гаснењето на пожарот на планината Готен ќе биде ангажиран и чешки хеликоптер и пожарникари од Словенија, а помош понудиле и Австрија и Франција.