Започнува првиот уписен рок на УКИМ: Речиси 10.000 места за нови студенти

На 19 и 20 август ќе се одржи првиот уписен рок за запишување на прва година основни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за академската 2025/2026 година. Според конкурсот, на располагање се вкупно 9.719 места на 23 факултети.

Од нив, 4.683 места се за редовни студенти во државната квота, 4.081 за редовни со кофинансирање, а 955 за вонредни студенти. Најмногу слободни позиции има на ФИНКИ (1.020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофскиот факултет (880), Филолошкиот факултет (810), Медицинскиот факултет (760), Економскиот факултет (700), Правниот факултет (610) и ФЕИТ (590).

Редовните студенти во државна квота ќе плаќаат 200 евра, додека оние со кофинансирање и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.

Кандидатите најпрво треба да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава преку iKnow-системот. По првиот уписен рок, вториот ќе се одржи на 11 и 12 септември, а третиот – за преостанатите места – на 24 септември.

Зачлени се на нашиот е-билтен