Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин–Трамп–Зеленски

Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Кир Стармер, издадоа заедничка изјава по разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да стави крај на агресивната војна на Русија и да постигне праведен и траен мир“, стои во документот.

Лидерите порачаа дека следниот чекор мора да бидат разговори на кои, покрај Трамп и Путин, ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие додадоа дека се подготвени да соработуваат со Трамп и Зеленски за организирање на трилатерална средба.

Во изјавата се потенцира и дека Украина мора да добие „цврсти безбедносни гаранции“ за сопствената одбрана и дека „не смеат да се воведуваат никакви ограничувања врз украинските вооружени сили“.

Зачлени се на нашиот е-билтен