Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави собири „против блокадите“ вечерва на околу 50 локации низ земјата, опишувајќи ги како мирни и демократски. Повикот следи по неговата посета на оштетените простории на СНС на Цвијиќева во Белград, каде што упадот го нарече „кошмар“.
Српската напредна партија објави видео-поканa за „антиблокадни“ собири, а претседателот на СНС Милош Вучевиќ преку ТВ Пинк ги повика поддржувачите да излезат на митинзи со порака „доста е од блокади, сакаме нормален живот“. Неколку провладини медиуми најавија и список на градови, вклучително и локации во Војводина и централна Србија.
Контра-протестите доаѓаат по недели ескалација на антивладини демонстрации и судири со полицијата во повеќе градови. Минатата недела беа забележани употреба на солзавец и повредени, а протестите, според меѓународни медиуми, траат веќе месеци со барања за избори и одговорност.
Вучевиќ порача дека „кога и да има избори, сите ќе можат да се натпреваруваат со идеи и кандидати“, додека Вучиќ најави пакет мерки што, како што рече, ќе бидат претставени во недела и ќе важат од 1 септември.