Повелете во Струга, смоквите ни се на секој чекор гратис

Денес колегите порталите драматично известија дека во Скопје килограм смокви стигнува и до 200 денари, додека низ помалите градови цените паѓаат – во Неготино од 40 до 80 денари, а на кванташки пазар се по околу 100 денари ако купите на големо. Обиколката на пазарите што ја објави „Вечер“ уште еднаш го покажува јазот меѓу главниот град и внатрешноста, каде што плодовите најчесто се директно „од бавча“.

Наместо да платите „скопска такса“, тргнете кон југозападот – во туристички места како Струга зрели смокви ќе видите на секој ќош, а со ваков род и расположени соседи, лесно ќе се најде и по некоја гратис. А за оние што остануваат во Скопје, останува „кванташката“ математика и внимателен избор на тезга.

Зачлени се на нашиот е-билтен