УХМР најавува невреме за утре: силен ветер, дожд и грмежи

Утре ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со удари над 70 км/ч, можен во форма на невреме, предупредува УХМР. Апел до граѓаните е да обезбедат лесни предмети на балкони и дворови и да внимаваат при движење на отворено.

Во Скопје, делови од котлината ќе бидат погодени од краткотрајно невреме со засилен до силен југозападен ветер. Можно е краткотрајно намалување на видливоста и поројни врнежи во попладневните часови.

Зачлени се на нашиот е-билтен