Наставниците што протестираа остануваат без работа

Српскиот академски пленум тврди дека директори на основни и средни училишта под целосна контрола на владејачката СНС добиле партиска директива да не им ги продолжуваат договорите на наставници вработени на определено време кои учествувале во ученички и граѓански протести. Според сведоштва добиени од Пленумот, мерката се образложува како елиминација на „потенцијални проблеми“, што во пракса значи отстранување професионалци што јавно се залагале за права на учениците и општествена правда.

Пленумот наведува и случаи во кои отпуштените наставници се заменуваат со лица без соодветни квалификации, што – како што велат – директно го поткопува квалитетот на наставата и интегритетот на образовниот систем. Организацијата ги повикува наставниците на кои не им се продолжуваат договорите да ги пријават своите случаи во базата „За денот потоа“, за документрање на наводните злоупотреби и јавно именување на директорите што, според нив, постапуваат по партиски наредби.

Надлежните институции засега не се произнесоа за наводите, а истрагите по пријавите – доколку бидат поднесени – би требало да утврдат дали има прекршување на трудовите и образовни прописи, како и евентуална политичка дискриминација на работно место.

Зачлени се на нашиот е-билтен