Македонија потврди учество на „ЕКСПО 2027“ во Белград

Македонија официјално ќе учествува на специјализираниот саем ЕКСПО 2027 во Белград, што ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година. Настанот ќе биде организиран под темата „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“, со цел да ја нагласи обединувачката моќ на спортот и музиката.

Според организаторите, Северна Македонија се приклучува на 119 потврдени земји-учеснички, кои ќе ја претстават сопствената визија за главната тема. Нашата држава ќе ги промовира природните убавини, културата и наследството, со акцент на одржлив туризам и културна размена.

ЕКСПО 2027 е првата специјализирана изложба од ваков тип во регионот на Западен Балкан и се очекува да донесе значителен меѓународен интерес и можности за економска и културна соработка.

Зачлени се на нашиот е-билтен