Бум на зимницата по нарачка во Србија, заработуваат по 10.000 евра

Сè повеќе домаќинки и млади жени низ Србија нудат услуга за изработка на зимница а побарувачката е толку голема што листите на чекање се полнат однапред. За оние што немаат време или нерви за печење пиперки, лупење домати и стерилизација тегли, овие вредни тимови развиваат мали бизнис што, според медиумски извештаи, носи повисоки приходи од многу канцелариски работни места.

Колку чини ајварот и туршијата?

  • Ајвар: печење и лупење пиперки — 250–300 дин/кг; сечкање и готвење како дополнителна услуга. Готов домашен ајвар: околу 600–700 дин/кг.
  • Кисели пиперки/краставички: 350–500 дин/кг.
  • Кисела зелка: пакување во буриња за 50–70 дин/кг.

Зошто експлодира побарувачката?

Брзиот ритам на живот, долгиот работен ден и желбата за домашен квалитет без часови покрај плотната ја туркаат цената на услугата нагоре. Многумина се подготвени да платат за готова зимница, со јасна рецептура и договорена количина, наместо да купуваат од големите маркети и синџири за исхрана по рецепт кој не им одговара и често содржи голем број на конзерванси.


Според реклами и искуства на терен, дел од тимовите работат деноноќно во адаптирани дворови и гаражи, со поделени задачи: едни печат и лупат, други сечат и готват, трети стерилизираат и полнат. Некои нудат и плаќање на рати за поголеми нарачки (10+ килограми), што дополнително го шири кругот на клиенти.

Колку се заработува?

Поединечни сведоштва велат дека вредните екипи во два „пикови“ месеци остваруваат 5.000–10.000 евра приход—цената, обемот на нарачки и организацијата ја прават разликата.

Зачлени се на нашиот е-билтен