Водовод вели водата во Скопје е безбедна за пиење

Од 18 до 22 август 2025 година Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје земал вкупно 426 примероци вода за пиење (213 за физичко-хемиска и 213 за микробиолошка анализа) од 45 мерни места низ градот. Според добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. весник на РМ бр. 183/18).

Од претпријатието наведуваат дека контролите се спроведуваат континуирано согласно утврдената методологија и дека во текот на наведениот период не се констатирани отстапувања од пропишаните параметри.

Граѓаните, како и досега, се информираат дека водата од градскиот систем на водоснабдување е безбедна за директна употреба.

Зачлени се на нашиот е-билтен