Во Младинскиот парк во Велес се одржа „Street Food Festival“, во организација на Општина Велес и здружението „Мовембер“. Настанот привлече посетители од сите генерации и понуди избор од познати брендови на улична храна, проследен со музичка програма.
Организаторите оценија дека фестивалот поминал одлично и ги надминал очекувањата, со особено силна посета од младата публика. Во разговор со посетителите, како што велат од „Мовембер“, изразена е желба фестивалот да се повтори и следното лето.
Планирано е „Street Food Festival“ да се врати во август наредната година и да стане традиционален велешки настан, со уште поголем избор на храна од светски брендови и богата музичка програма.