Тошковски МВР и Ангелов ДЗС, „открија“ дека пожарите се резултат на хибридни операции за дестабилизација на нашата земја. Омилената тема на премиерот, а него никаде го нема. Му ја „украдоа“ темата за дестабилизирање на Македонија.
Зоран БОЈАРОВСКИ
Скопје, главниот град на државата, вчера беше под силна закана од здравствено-безбедносен аспект со пожарот во магацините за електроснки (литиумски батерии) и пластичен отпад. Колкав беше степенот на закана и на ризици по здравјето на граѓаните, говори и свикувањето на прес конференцијата на МВР, на Министерството за здравство (МЗ) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во доцните часови пред полноќ.
Самиот „лајнап“ на овие институции говори за степенот на заканата. Според последната информација на ДЗС, страшниот пожар е ставен под контрола, но чадењето не престанува. Токсичниот чад сѐ уште се издига над пеплосаното жариште, што значи опасноста од екстремно штетните материи во воздухот останува и понатаму.
Имајќи ја птредвид целата оваа сложена ситуација, која дојде дотаму да се организира евакуација на граѓаните од Трубарево и од околните населени мест, се поставува прашањето – Каде е премиерот? Или, каде беше вчера премиерот кога повикот со институциите да ги преземат сите неопходни мерки пред една ваква опасност стана драматичен, а одговорот задоцнет?
Последната активност на премиерот Христијан Мицкоски, кој тој редовно ги објавува на социјалните мрежи, е онаа од 12 септември, кога тој и неговите коалициони партнери се изнаредија за изјава пред Собранието после седницата за пратенички прашања, на која, патем речено, доби сериозни „заушки“ од опозицијата за некои актуелни прашања како што е аферата за прислушување во АНБ, или неговото и однесувањето на неговата партија за пожарот во Кочани.
Го немаше вчера, додека гореше во Трубарево и додека чадеше и се ширеа токсични материи над градот, а го нема и денеска.
На мејловите на новинарите на кои редовно доаѓаат најавите за дневните активностите на премиерот и денеска нема ништо. Тој нема да ја посети локацијата во Трубарево ниту денеска, иако таму во текот на ноќта беа членови на неговата влада.
Сега некој ќе рече, во ред, треба институциите да си ја бркаат работата, да се организираат, дасе кооординираат. Но вчера видовме како изгледа тоа. Освен пожарникарите, припадниците на војската и на полицијата, раководителите на институциите директно задолжени за справување со вакви ситуации излегоа пред јавноста дури синоќа доцна.
Институтот за јавно здравје, читај Министерство за здравство, дури десеттина доцнеше со предупредувањето и препораките, а министерот Алиу уште изјави „Загаденоста не е на ниво да не може да се излезе надвор’ и дури за во понеделник ги најави официјални резултати за квалитетот на воздухот.
И кога излегоа, двајца од нив, Тошковски МВР и Ангелов ДЗС, „открија“ дека пожарите се резултат на хибридни операции за дестабилизација на нашата земја.
Ете омилена тема на премиерот, а него никаде го нема. Му ја „украдоа“ темата за дестабилизирање на македонија, која толку пати досега ја афирмираше. Додуша, за овие закани за дестабилизација никогап не даде конкретни докази ниту презеде нешто и само остана на „ќе апсиме“.
И додека скопјани уште долго време ќе го чувствуваат мирисот на токсините од Трубарево, Вардариште, Дрисла… можеби Мицкоски ја крои својата стратегија за да го оправда неговото отсуство овие два дена, критични за здравјето на граѓаните. Убеден сум дека за тоа повторно ќе биде виновна опозицијата и претходните влади и дека корените ќе ги бара, ако треба и десеттина години наназад. Какоза Кочани, а на власт се веќе година и половина.