Санчез претвора 53.000 туристички сместувања во трајни домови за решавање на кризата со домувањето во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави план со кој околу 53.000 туристички апартмани ќе бидат избришани од Единствениот регистар на туристички и сезонски изнајмувања и задолжително ќе се претворат во трајни станови за изнајмување.

„Идентификувавме илјадници неправилности во овие куќи кои беа наменети за туристи. Ќе ги избришеме 53.000 такви сместувања за да станат домови за младите и семејствата во нашата земја,“ изјави Санчез од Малага.

Министерството за домување на Шпанија веќе им наложи на платформите како Airbnb и Booking.com да ги отстранат огласите за овие апартмани. Иако Airbnb изрази незадоволство, компанијата сепак ја прифати одлуката, со оглед дека Шпанија е еден од најголемите туристички пазари во светот.

Со овој чекор, шпанската влада сака да покаже дека кризата со домувањето не се решава со зборови, туку со конкретни политички мерки и одлуки.

Зачлени се на нашиот е-билтен