Градот е погоден од густи облаци чад, артилериски гранатирања, експлозии и пукање, јави Си-Ен-Ен. Израелските сили се наоѓаат во областа „Beach Camp“ на западот и во близина на Исламскиот универзитет на југот на Газа.
Израелската армија користи далечинско детонирање на оклопни возила наполнети со експлозив за уривање згради, според снимки и фотографии кои ги геолоцираше Си-Ен-Ен.
Армијата тврди дека Хамас користи цивилни објекти како бази за заседи, складишта за оружје, командни центри и влезови во тунели.
Дронови и хеликоптери на израелската војска постојано патролираат над градот.
„Секојa експлозија последниве денови буквално го тресе тлото под нашите нозе – не фигуративно, туку буквално“, изјави портпаролот на општината Газа, Асем Алнабих.
Израел претходно ги повика жителите да го напуштат градот.
Војската тврди дека 640.000 луѓе ја напуштиле Газа, но бројката не е независно потврдена. Сè уште десетици илјади цивили остануваат во градот без можност за евакуација.