Повеќе од седум месеци по неговото апсење, Ерион Велјај во вторник беше разрешен од функцијата градоначалник на Тирана од страна на градскиот совет – потег кој отвора пат за нови избори и претставува уште еден тежок удар за политичарот кој некогаш важеше за можен наследник на Еди Рама.
Во ретко виден консензус, и владејачката Социјалистичка партија (СП), и опозициската Демократска партија (ДП) гласаа „за“ разрешувањето на Велјај.
Советот постапи по барање на премиерот и лидер на социјалистите, Еди Рама, кој пред две недели најави дека поранешната министерка за образование, ОгERTA Манастирлиу, ќе биде кандидатка за нов градоначалник на главниот град.