Вештачка интелигенција создава персонализирана вакцина што ги напаѓа мутациите на рак

Развојот на персонализирана мРНА-вакцина против рак би можел да ја промени медицината, овозможувајќи им на пациентите да се борат со болеста на сосема нов начин. Вакцината користи вештачка интелигенција за да го анализира генетскиот материјал на туморот и да ја идентификува секоја мутација, што ѝ овозможува на имунолошкиот систем целосно да ги уништи раковите клетки.

Според д-р Сергеј Бољевиќ од Универзитетот „Сеченовск“ во Москва, туморот вообичаено „се крие под чадор“ од имунолошкиот систем, но со вакцината таа заштита се отстранува, дозволувајќи природните механизми на телото да се борат против болеста.

Првично, вакцината ќе се тестира кај пациенти со меланом и рак на кожа, со планови подоцна да се прошири и на рак на дојка, бели дробови, бубрези и панкреас. Србија, Црна Гора и Република Српска може да се вклучат во тестирањата и во идното производство на вакцината.

Првите клинички испитувања кај луѓе се планирани за септември оваа година, а по одобрување, вакцината ќе биде достапна бесплатно во Русија преку здравствениот систем.

Зачлени се на нашиот е-билтен