Видеа со Надал се користат за измамнички шеми

Видеа со Надал се користат за измамнички шеми
Diliff, CC BY 3.0 , via Wikimedia Commons

Надал ги предупреди фановите дека видеа со него се користат за промовирање измамнички шеми.

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал за овие шеми на извести на социјалните мрежи.

– Го објавувам ова предупредување, иако обично не го правам ова на социјалните медиуми, но мислам дека е важно. Мојот тим и јас откривме лажни видеа на некои платформи, создадени со вештачка интелигенција. Тие прикажуваат личност која изгледа и звучи како мене.

Овие видеа нудат инвестициски совети и даваат понуди што немаат никаква врска со мене. Ова е дел од шема за погрешно рекламирање.

– Ве молам имајте предвид, Јас не создадов ниту поддржав таква содржина. Ви благодарам за вашата поддршка! – напиша Надал на социјалните медиуми.

По завршување на богатата тениска кариера, Надал сè повеќе се посветува на бизнис проекти.

Шпанецот отвори сопствена тениска академија, која се смета за една од водечките во светот, до лансирање на сопствен бренд за облека.

Тој одлучи и да инвестира во хотелската индустрија.

Зачлени се на нашиот е-билтен