Иранските дипломати добиле забрана да купуваат во американски големопродажни продавници

Иранските дипломати кои се во Њујорк и учествуваат на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации нема да можат да купуваат во американски големопродажни продавници, според нов декрет објавен во официјалниот американски гласник.

Според овој декрет, дипломатите нема да имаат пристап до продавници како што се Costco, Sam’s Club или BJ’s Wholesale Club. Иако се наведува дека списокот на забранети продавници не е конечен, весникот Вашингтон пост ја оцени оваа мерка како “необичен облик на притисок врз дипломатите”.

Документот прецизира дека иранските дипломати мораат да добијат дозвола од Бирото за странски мисиjи на Стејт департментот ако сакаат да купуваат луксузна стока додека се во САД.

Луксузната стока, според дефиницијата во декретот, вклучува производи кои чинат повеќе од 1.000 долари, додека возилата чии вредности надминуваат 60.000 долари исто така се сметаат за луксузни купувања.

Како домаќин на ОН, САД им дозволуваат на неколку земји со кои немаат дипломатски односи да одржуваат мисии и да патуваат во Њујорк, но овие земји, вклучувајќи ги Иран, Русија, Куба, Северна Кореја, Белорусија и други, се соочуваат со строги ограничувања кога станува збор за слободно движење. Дипломатите од овие земји мораат да го известат Стејт департментот ако планираат да патуваат повеќе од 40 километри од центарот на Њујорк или Белата куќа, ако имаат претставништво во Вашингтон.

Зачлени се на нашиот е-билтен