Граѓаните на Сараево спонтано ја покренаа идејата денес, на 8 октомври, да се соберат пред Домот на младите и заедно да ги запеат најпознатите песни на Халид Бешлиќ.
„Дојдете, понесете гитари, разгласи, тапани – што и да имате. Понесете љубов за Халида“, стои во повикот што се шири по социјалните мрежи.
Настанот е замислен како емотивен спомен и благодарност кон легендарниот пејач, чија музика со децении ги обединува генерациите и ги поврзува луѓето низ целиот регион.
Денес Сараево ќе пее – за Халид, за љубовта и за сите спомени што неговите песни ги носат.