По новиот трговски судир со Пекинг, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема причина“ да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и ја откажа планираната средба во рамки на следните меѓународни собири. Ова доаѓа по одлуката на Кина да ги заостри контролите на извоз на ретки метали, клучни за технолошката индустрија, и најавата од Вашингтон за можни нови царини до 100% и ограничувања на технолошки извоз кон Кина. Изјавите предизвикаа пад на берзите и нова ескалација во односите.

Иако Трамп во подоцнежно обраќање остави мала можност за средба „ако има напредок“, моменталната позиција е јасна: разговoрот со Си се трга од агендата додека трае спорот околу ретките метали и тарифите.