Британскиот крал Чарлс III откри нов споменик посветен на припадниците на ЛГБТ+ заедницата кои служеле во вооружените сили.
Споменикот, наречен „Отворено писмо“, им оддава почит на сите кои служеле во армијата – и на оние кои биле дискриминирани за време на периодот кога припадниците на геј-заедницата имале забрана да бидат дел од војската, што траеше до 2000 година.
Во тој период многумина биле подложени на агресивни истраги, отпуштени од служба, а дел дури и затворени.
Откривањето на споменикот следи по вишегодишна кампања за измена на законите и исплата на обештетување на жртвите, јавува Би-би-си.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека споменикот е „симбол на храброста и службата на оние што, и покрај неправдите, ѝ служеле на својата земја“.
