Последните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и Куманово се покажале како лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На електронските адреси на 30 училишта во Скопје и 17 во Куманово биле испратени заканувачки пораки, по што полицијата веднаш извршила проверки и утврдила дека нема реална закана.
Од МВР информираат дека се преземени сите неопходни мерки и активности, а учениците биле безбедно евакуирани.
Поради дојавите, дел од попладневните училишни активности вчера беа прекинати, особено во општина Аеродром, каде првично беа забележани најмногу закани.
